Промоција на проектот за ново водоснабдување на ул. Сердарот, во н. Драчево, трета фаза

Почитувани,
Денес ја промовираме новата водоводна мрежа на ул. Сердарот во населбата Драчево, во Општина Кисела Вода. 
Се работи за изведба на нова водоводна мрежа, која се работеше во три фази.
Во првата фаза беа изведени 464 метри, во втората фаза 361 метри и во последната фаза беа изведени 320 метри.
Водоводната мрежа е со профил на цевки од 110 мм и 90 мм. 
Сакам да нагласам дека по барање на граѓаните третата фаза ќе биде продолжена за уште околу 200 метри и истата ќе изнесува 520 метри, со што решивме да излеземе во пресрет на оваа молба на жителите во населбата Драчево.
Со реализација на мрежата и прикучоците од мрежата до водомерните шахти, водоснабдување ќе имаат 620 жители, чии домови гравитираат кон изведената улична водоводна мрежа. Водоводната мрежа е со вкупна должина од 1345 метри и истата чини околу 20 милиони денари.
Ние ќе продолжиме како до сега така и во иднина, да излегуваме во пресрет на граѓаните со слични вакви инвестиции, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Град Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies