Нови градежни машини дел од механизацијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. За исполнување на својата дејност и работните активности, ЈП Водовод и канализација – Скопје, во согласност со плановите за работа и инвестициските програми, реализира и инвестиции во сите сектори според потребите на истите.

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје врз основа на потребите во работните процеси и инвестициските планови реализираше набавка на две нови градежни машини (комбинирани), намените за изведување на ископи при зафати во водоводната и канализационата мрежа. Градежните машини ги задоволуваат најновите Stage V стандарди за емисија на издувни гасови и се во вредност од околу 13.500.000 денари.

 

„Со набавката на новите градежни машини исполнуваме уште еден дел од планираните активности во однос на обнова на механизацијата, која во изминатиот период се дополни со цистерни под притисок и вакуум, товарни возила за превоз на патници и товар, камиони – кипери, мобилни високопритисни пумпи за прочистување и отпушување на канализационите линии, се со цел зголемување на ефективноста и ефикасноста, но и мобилноста на екипите и механизацијата на територијата на град Скопје. Овој инвестициски циклус за обнова на механизацијата бележи вредност од околу 90.950.000 денари и сите возила ги задоволуваат најновите ЕУРО 6 стандарди за емисија на издувни гасови. Со ова придонесуваме не само за подобрување на работните процеси, подобрување на услугите за граѓаните, туку и за заштита на животната средина“ - истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies