Подобрен водоводен притисок во високата зона во Сопиште

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. 

Подобрен водоводен притисок во високата зона во Сопиште, со изведба на нова водоводна линија, односно довод со дијаметар на цевка од 100мм. 

„Имајќи ги предвид барањата и потребите на граѓаните, екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на оваа недела работеа на изведба на нов дополнителен довод со дијаметар на цевка од 100мм. Активностите се изведуваа на ул.1 на крстосницата Ракотинци кон Соње во село Сопиште. Со изведбата на новата водоводна линија се создадоа услови за подобрување на квалитетот на водоснабдувањето и довод на поголемо количество на вода за корисниците во овој дел“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies