Нова водоводна мрежа во вредност од седум милиони денари

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. 

Инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија по дел од ул. „Влае“ и ул.„Франц Прешерн“. 

„ЈП Водовод и канализација – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на оваа водоводна линија во согласност со ДУП-от за овој дел од градот со што старата поцинкувана мрежа со дијаметар од 51мм ќе се замени со нова водоводна мрежа од дуктилно лиени железни цевки со дијаметар од 100мм што би значело изградба на водоводна мрежа со соодветен профил и материјал. Со новата  водоводна мрежа ќе се овозможи и оформување на циркулационен  прстен со цел подобрување на водоснабдувањето за корисниците од овој дел“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.

 Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е во вредност од околу 7.206.660,00 денари.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies