Потпишан договорот со Рудници и Железарница Услуги АД – Скопје (за комплексот Железара) околу наплатата и цената на водата која ја користат истите

Почитувани,
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста дека официјално е потпишан договорот со Рудници и Железарница Услуги АД – Скопје (за комплексот Железара) околу наплатата и цената на водата која ја користат истите.
Според договорот, РЖ Услуги АД – Скопје треба да ги подмирува трошоците кон ЈП Водовод и канализација – Скопје по цена од 2,54 денари за кубен метар. Паралелно со ова, истовремено се води и судски спор за тоа дали РЖ Услуги АД – Скопје треба да плаќа вкупна цена од 46,63 денари. Оваа цена не ја вклучува и канализацијата, бидејќи тие користат сопствена.
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја покрена оваа иницијатива кон средината на минатата година, бидејќи договорите кои биле склучени во далечната 1971-ва година и 1997-ма година со РЖ Услуги АД – Скопје беа крајно штетни за јавното претпријатие но и покрај тоа останале на сила сиве овие години.
Ние сме задоволни што ова раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заедно со Градот Скопје, издејствува по цели 45 години да се промени гореспоменатиот договор. Ние и понатаму ќе продолжиме да работиме за интересите на граѓаните на Град Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies