Апел за рационално користење на водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување. 

– Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40°C, како и подaтoците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300.000 м3, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies