Нова механизација во ЈП Водовод и канализација - Скопје

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. За исполнување на својата дејност и работните активности, ЈП Водовод и канализација – Скопје, во согласност со плановите за работа и инвестициските програми, реализира и инвестиции во сите сектори според потребите на истите. 

„Направивме набавка на две нови товарни возила, кипери – влекачи, со носивост од 10.5t, со што го обновивме и дополнивме возниот парк во секторот Механизација, кој е во служба на сите други сектори. Со оваа инвестиција, уште еднаш, допринесовме за зголемување на ефективноста и ефикасноста, но и мобилноста на екипите и механизацијата на територија на град Скопје“ - истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies