ЈП Водовод и канализација – Скопје најтранспарентно јавно претпријатие

ЈП Водовод и канализација – Скопје е најтранспарентното јавно претрпијатие врз основа на мониторингот извршен од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. 

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер изврши мониторинг на 47 иматели на веб страници на јавните претпријатија и установи, пријавени и објавени на страната на Агенцијата. 

“Оценката за највисоко ниво на транспарентност врз основа на спроведениот мониторинг од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер е само уште една потврда за нашите заложби во иминатите скоро 4 години. Нашата цел беше и останува да бидеме, транспарентни, да ги унапредиме работните процеси и подобриме услугите за граѓаните“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies