1500 метри нова водоводна мрежа во општина Ѓорче Петров

Во текот на вчерашниот ден, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски заедно со градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, извршија увид на работните активности за изведба на новата водоводна мрежа на ул. Алексо Демниевски. 

Новата водоводна линија, која се поставува на ул. Алексо Демниевски и краците на самата улица (од крак 1 до крак 29), е во должина од 1500 метри со полиетиленски цевки и дијаметар од 90мм. Инвестицијата за изведување на оваа мрежа изнесува околу 6.000.000,00 денари. 

„ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на подобрување на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, а со тоа и на подобрување на услугите за граѓаните. Со поставување на новата мрежа на ул. Алексо Демниевски, која се изведува во соработка со Општина Ѓорче Петров, се оформува циркулационен прстен, односно спојување на досега слепите краци на постоечката мрежа со што ќе се подобри водоснабдувањето за корисниците во овој дел од градот Скопје“ – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies