Водовод Скопје трча на Халк Еко Скопје трча 10км

Во спортски дух, подготвени за нов предизвик, исполнување на уште една цел и примена на позитивни практики за позитивни општествени промени, ЈП Водовод и канализација – Скопје со свој тим беше дел од Халк Еко Скопје трча 10км.

„Го прифаќаме секој нов предизвик кој значи ширење на позитивна енергија. Тимот на ЈП Водовод и канализација – Скопје со голема желба и мотивација беше дел од оваа трка. Во спортски дух, со здружени сили и меѓусебна поддршка се истрча трката до самата цел. Насмевките на лицата на нашите претставници беа доказ за ова позитивно искуство. Честитки до нив и до сите учесници во оваа трка. До следниот предизвик – спортски поздрав“ – истакна Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies