Во завршна фаза проектот за загуби на вода меѓу ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта, финансиран од WBGC

ЈП Водовод и канализација – Скопје, по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, пристапи кон реализација на проекти од заеднични интерес на двете претпријатија и  

во таа насока, но и во насока на унапредување и подобрување на услугите за граѓаните, работните процеси како и системот во целост, ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта, изработи проект со кој, во март 2020, аплицираше за грант преку инструментот Western Balkans Green Center (WBGC), инструмент основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан. 

Проектот насловен како „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции  и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на Северна Македонија“, кој во изминатиот период се изведуваше во соработка со Водовод Будимпешта, целосно финансиран преку грант од Western Balkans Green Center (WBGC) во висина од околу 122.000 евра, стигна до финалната фаза од реализацијата на работните активности.

Во изминатиот период, реализицијата на проектните активности се одвиваше во неколку фази во кои беа опфатени консултативни средби, определување на зона за испитување и изработка на анализи врз основа на достапни податоци. Во втората половина на месец мај започна завршната фаза во која беа опфатени теренските активности во определената зона за испитување Трнодол и Жданец. Во овој период зоната, во која влегуваат Трнодол и Жданец, се приспособи за изведување на мерењата со кои ќе се детектира промена на протокот на водата во системот, односно загуби на вода. 

Приспособувањето на зоната се изведе со поставување на специјализиран тип на опрема на неколку клучни точки, преку која се овозможува детектирање на загубите на вода. Откако заврши инсталацијата на специјализираната опрема, во текот на оваа недела тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Водовод Будимпешта и Аквакуст Будимпешта, пристапија кон изведување на контролните мерења во кои се опфати ноќно мерење на проток на вода во затворен систем и дневно звучно мерење. По успешното изведување на мерењето следува изработка на извештаи и анализи во насока на зголемување на ефикасноста на водоснадувањето, зголемување на енергетската ефикасност, намалување на загубите на вода и ефектите на климатските промени. Инсталираната опрема во зоните Трнодол и Жданец, останува во сопственост на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за понатамошна употреба и продолжување на ваквиот тип на мерење. 

„Горд сум што и во услови на криза, не дозволивме застој во работењето и продолживме со вложување напори и ресурси за подобрување и унапредување не само на работните процеси и услугите кои се насочени кон нашите корисници, туку и кон заштита на расположливите природни ресурси, во нашиот случај водата за пиење. Успешната реализација на проектните активности од овој проект, размената на искуства меѓу тимовите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Водовод Будимпешта и Аквакуст Будимпешта, бенефитите за граѓаните се само дополнителна мотивација за 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies