ИЗВЕСТУВАЊЕ

Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници нема да работат од петок (30.04.2021) до понеделник (03.05.2021). Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, 04.05.2021.

Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со сметките и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies