Известување за промена на работно време во согласност со новите интервали за полициски час

ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време.

Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје од 07.04.2021 година, шалтерите за наплата ќе работат со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 07:30 до 18 часот и сабота од 09 до 14 часот.

Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието, достапна за Android и IOS. Информациите поврзани со сметките и нивната наплата се достапни до граѓаните и преку апаратите за наплата поставени на неколку локации во градот - СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, заинтересираните граѓани може да се обратат на:

– 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;  02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk;  www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност.

 

Со почит,

ЈП Водовод и канализација - Скопје

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies