Четири нови средно товарни возила и две приколки со високо-потисна пумпа

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во насока на подобрување на работните процеси и исполнување на потребите на граѓаните на градот Скопје, изврши набавка на четири средни возила со кипер сандак и нето носивост од 1000кг., со двојна кабина и можност за превоз на 7 вработени. Со реализацијата на оваа набавка, претпријатието го обнови возниот парк со четири средни товарни возила, чија просечна старост на најстарата група возила од овој тип изнесува 25 години. 

„Со реализација на оваа инвестиција се придонесе за зголемување на мобилноста на вработените во сектор Канализација, каде во изминатиот период, за пристапност до тешко достапни локации се набавени четири нови средно товарни возила и две приколки со високо-потисна пумпа за отпушување на канализационите мрежи“, изјави Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies