Нова водоводна линија ф300 во општина Гази Баба

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на спроведување на технички активности кои се во насока на подобрување на водоводната и канализационата инфраструктурата во град Скопје. 

Во текот на оваа недела екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, поставија нова водоводна линија ф300мм, во должина од околу 100м на потегот меѓу Универзитетот ФОН и Мерцедес.

 Имено со поставување на оваа водоводна линија се отвораат можности и услови за продолжување и развој на водоснабдителниот систем во тој дел од општина Гази Баба.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies