Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје на работна средба со стопанствениците на индустриска зона Визбегово

Денес, генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски, на барање на Здружението на стопанственици на индустриска зона Визбегово, оствари работна средба со претставници од Здружението. На работната средба присуствуваше и градоначалникот на општина Бутел, г- дин Велимир Смилевски. 

„Индустриската зона Визбегово е место каде делуваат поголем број компании, чие функционирање е од големо значење како од економски, така и од социјален аспект. Токму затоа и делувавме во подобрувањето на условите во истата и со изведбата на канализационата мрежа, проектирана од страна на ЈП Водовод и канализација – Скопје, а финансирана од Министерството за транспорт и врски го решивме деценискиот проблем и се создадоа услови и стандарди за инвестирање во Индустриската зона – Визбегово. Денес сме тука за да ги чуеме потребите на стопанствениците и да ги разгледаме можностите за нивно исполнување“ – посочи генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски. „Нашите заложби се секогаш насочени кон исполнување на потребите на граѓаните и сите наши корисници, кон подобрување и унапредување, но и модернизација на услугите, се со цел подобрување на условите за живот и работа во нашиот град Скопје“, додаде тој на работната средба со Здружението на стопанственици на индустриската зона – Визбегово. 

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies