Продолжен е рокот за поднесување на апликации за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје за град Скопје

Со цел да се излезе во пресрет на потенцијалните апликанти и заинтересирани страни, рокот за поднесување на апликациите се продолжува и истиот истекува на 01.10.2020 во 12 часот по локално време. 

Со потпишување на Договорите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската Инвестициона Банка и Европската Банка за Реконструкција и Развој се затвори финансиската конструкција за Проектот за Изградба на Пречистителна Станица на град Скопје. Во согласност со одредените фази за имплементација на капиталниот проект ПСОВ – Скопје, во вредност од 136.000.000 евра, ЈП Вововод и канализација – Скопје работи на реализација на истиот, што е доказ за заложбите за унапредување на условите за живот за сите граѓани како и инвестирањето во високо квалитетна животна средина. 

Официјалната објава на Поканата за претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје, може да се најде на ТЕД платформата, на следниот линк https://ted.europa.eu/udl?uri=TED:NOTICE:290799-2020:TEXT:EN:HTML&src=0

Ги повикуваме сите компании, кои ги исполнуваат условите, да аплицираат за  претквалификација за избор на најповолен понудувач за проектирање и изградба на постројка за третман на отпадни води Скопје. Документите за претквалификација може да се добијат во канцеларијата на Проектната единица за имплементација на Проектот за ПСОВ – Скопје, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ул. Лазар Личеноски бр. 9. На барање на заинтересираните страни, документите може да бидат пратени и електронски во пренослив или отворен формат на wwtp-project@vodovod-skopje.com.mk.  Крајниот рок за поднесување на апликациите, согласно барањата, критериумите и одлуката за негово продолжување наведени во Поканата,  е 01 октомври 2020 година до 12:00 часот (по локално време). Заинтересираните страни кои ќе испратат електронска апликација до 01.10.2020, најдоцна до 14.10.2020, 12 часот (по локално време) ќе треба да ја достават апликацијата и во печатена форма. Со цел зголемена транспарентност, апликантите ќе можат да го следат отворањето на апликациите преку преку видео конференциска врска.

                                                                                                                                               

Со почит,

ЈП Водовод и канализација – Скопје

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies