Заштити го водоснабдителниот систем „Биди одговорен, однесувај се совесно“

Рационалната употреба на водата го заштитува не само водоснабдителниот систем туку и правото на секој граѓанин за нормално водоснабдување. 

Дневните навики на граѓаните придонесуваат во заштитата на водоснабдителниот систем и квалитетот на водоснабдувањето до секој дом. Преку три чекори зголемете ја разумната и совесна употреба на водата и одговорноста во вашето однесување во однос на заштита на водоснабдителниот систем. 1. При туширање, миење заби и раце или миење садови, осигурајте се дека водата не тече додека не ја употребувате. 2. Осигурајте се дека машината за садови и за алишта, пред употреба се целосно наполнети. 3. Редовно проверувајте ја исправноста на состојбата на чешмите, казанчињата и видливите цефки во домот. 

Наша должност е да одлучиме да бидеме одговорни и да се однесуваме совесно во насока на рационална и разумна употреба на водата, за да има за сите, денес, утре и во иднина. 

Пријавете злоупотреба на водоснабдителниот и канализацискиот систем на:

 

-       02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-       02 3240 300, Дирекција

-       kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-       www.vodovod-skopje.com.mk

-       www.facebook.com/jpvodovod.skopje

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies