Заврши акцијата за наплата на долговите на рати без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје, во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје, почнувајќи од 17.06.2020 до 31.07.2020 спроведе уште една акција за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица.  

Во рамки на акцијата за наплата на долговите на рати без камата, која заврши на 31.07.2020 (петок) можноста ја искористија 551 корисник и се потпишаа исто толку договори. Вкупниот износ за кој се склучени договорите за исплата на рати без камата е 36,5 милиони денари.  

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до своите корисници редовно да ги подмируваат своите долгови и разумно и рационално да ја употребуваат водата, да бидат одговорни и да се однесуваат совесно во однос на заштитата на водоснабдителниот и канализацискиот систем.

 

Пријави див водоводен приклучок и злоупотреба на водоснабдителниот и  канализацискиот систем на:

-       02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-       02 3240 300, Дирекција

-       kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-       www.vodovod-skopje.com.mk

-       www.facebook.com/jpvodovod.skopje

 

 

Со почит,

ЈП Водовод и канализација – Скопје

06.08.2020

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies