Дел од ул. 4-ти јули, односно Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров, доби нова атмосферска канализација.

На ден 23.01.2020 (четврток) генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, г-дин Александар Наумоски направија увид на завршените градежни активности на улицата „Борис Сарафов“, во општина Ѓорче Петров. 

По барање од Град Скопје и општина Ѓорче Петров, беше изработена проектно-техничка документација за атмосферската канализација по дел од ул.Борис Сарафов, во општина Ѓорче Петров. Со реализација на проектираната атмосферската канализација во должина од 600 метри и дијаметар од 400мм, се создадоа услови за идно проектирање, а потоа и изградба на атмосферска канализација и по другите улици во овој дел од неселбата. Трасата на атмосферската канализација е усогласена со решенијата за хидротехничка инфраструктура во ДУП  за овој локалитет. 

ЈП Водовод и канализација – Скопје го обезбеди потребниот материјал за реализација на овој проект во вредност од 1.253.000,00 денари.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies