Едукативниот циклус како и процесот на споделување на знаењето и позитивните практики во работата на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, секојдневно се проширува

На ден 24.12.2019 (вторник) во просториите на Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, беше реализирана посета на специјализантите од Медицинскиот факултет Скопје, Катедра за хигиена. Посетата беше реализирана под менторство на Проф.Д-р Михаил Кочубовски, раководител на Катедрата за хигиена на Медицинскиот факултет Скопје, со цел запознавање со најсоврементата опрема за испитување на води за пиење и отпадни води, како и запознавање со хлоринаторската станица и бунарите за вода за пиење во кругот на центарот. Тимот на Секторот за санитарна контрола, под водство на Д-р Зоран Божиновски, ги запозна специјализантите со работата на лабораториите за хемија и микробиологија на вода, скиците и картите на подрачјето на Рашче, зоните на заштита како и хидрогеолошките карактеристики на регионот. Во рамки на посетата беше проектиран и филм за историјатот на водоснабдувањето на Скопје, а беа дискутирани и согледувањата за примената на легислативата во оваа област.

Посетата заврши со меѓусебна дискусија во врска со работењето на лабораториите и примента на новите стандарди што ќе бидат составен дел на легислативата што набрзо ќе се носи како хармонизација со новата рамковна директива која во 2021 ќе биде донесена од страна на Советот на ЕУ. 

ЈП Водовод и Канализација – Скопје во оваа насока останува отворено за соработка со сите заинтересирани страни.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies