Еко акција - „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“

Врз основа на владината одлука за спроведување на акцијата на 14 декември 2019 за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“, а и по сопствено убедување за значењето на чистата животна средина, вработените од ЈП Водовод и Канализација – Скопје активно се вклучија во истата.

Во оваа прилика апелираме ваквото одговорно однесување да стане наше секојдневие со што секој од нас индивидуално и колективно ќе придонесе за заштита, зачувување и одржување на чистата животна средина, фактор кој е исклучително важен за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на град Скопје, територијата на Република Северна Македонија и светот воопшто.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies