RENEXPO - Меѓународен саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода

Во рамки на првиот Меѓународен саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода, RENEXPO, кој во изминатите два дена (03/04.12.2019) се одржа во хотелот Александар Палас, беше одржана и првата Конференција за одржливо управување со водите во Република Северна Македонија.

На конференцијата, покрај претставниците на организаторот REECO International, Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Јани Макрадули, г-дин Никола Бертолини, Делегација на Европската унија, Раководител на Сектор за соработка, проф. д-р Петко Пеливаноски, претседател на Здружение за третман на вода (АТW МК) и претставници на останатите засегнати страни во оваа област, свое излагање имаше и г-ѓа Линдита Шакири, Помошник Директор за технички прашања и менаџер на проектната единица за изградбата на ПСОВ – Скопје од ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Г-ѓа Шакири во својата презентација насловена како “Потребата од постоењето на ПСОВ во град Скопје“ (“The necessity of the existence of a WWTP in the city of Skopje”) ја истакна потребата за изградба на ПСОВ – Скопје како и  нејзиното позитивно влијание во насока на подобрување на животот на граѓаните на град Скопје, заштитата на животната средина и сето тоа во согласност со ЕУ стандардите. 

По излагањето на г-ѓа Шакири, учесниците на Конференцијата ги поздравија напорите на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, Град Скопје, Владата на Република Северна Македонија, МЖСПП и МФ за успешното и навремено спроведување на проектот за ПСОВ – Скопје и неговата реализација како една од поголемите капитални инвестиции во државата.

 Проектот за изградба на ПСОВ – Скопје, е во вредност од 136 милиони евра и е поддржан од Министерството за животна средина, Министерството за финансии, Град Скопје, Владата на Република Северна Македонија, Европската инвестициона банка (ЕИБ) и   Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies