Крводарителска акција

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Црвен крст на РСМ - Општинска организација Чаир на ден 03.12.2019, организираа крводарителска акција на која се обезбедија 48 крвни единици од кои 42 мажи и 6 жени, а 8 лица беа одбиени.

 

Оваа крводарителска акција е една од двете традиционални акции, кои неколку години наназад се реализираат во соработка со ЈП Водовод и канализација - Скопје каде во просек се обезбедуваат 50 крвни единици, што е од особено значење за организацијата односно за процесот на  обезбедување на крвни единици, потребни за спасување на нечиј живот.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies