Интерна обука на кадар

Во рамки на програмата за спроведување интерни обуки а со цел подигнување на нивото на информираност и специфични знаења на вработените  во Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и Канализација - Скопје се одржа предавање од областа на определување на мерната неодреденост при изведба на микробиолошки анализи. Предавањето го одржа Наташа Манолева , раководител на микробиолошката лабораторија. Целта на ова предавање е да се пренесат што повеќе информации до вработените како постапка при спроведувањето на стандардот МКС ИСО 17025:2018. Овие активности ќе допринесат на подигнување на севкупното ниво на едуцираност на персоналот и квалитет во секојдневното работење.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies