Консултативна средба

Меѓународен експерт проф. Виктор Симончиќ, ќе престојува во Скопје за да се сретне со претставници на различни нивоа и надлежности во поширокиот домен на заштитата на животната средина, климатиските промени и енергетиката. 

Конкретно, задачата на проф. Симончиќ е да подготви аналитичко поглавје за потенцијалните трошоци и придобивки од прилагодувањата на законодавството и политиките за животна средина на Република Северна Македонија во контекст на процесот на пристапување во ЕУ. Споменатото поглавје ќе биде дел од нацрт-национална политика чија цел е да ѝ помогне на Владата на Република Северна Македонија при проценка на различните опции на политики за тоа како најдобро да се искористи претпристапниот период и можностите што произлегуваат од членството во ЕУ, сè со цел постигнување инклузивен и забрзан раст, притоа создавајќи предуслови за одржлив развој на земјата.

Проф. Симончиќ е реномиран меѓународен експерт за животна средина специјализиран за развој и спроведување на политиките за животна средина. Тој има над 35 години професионално работно искуство како научник и универзитетски предавач, висок владин службеник, како и консултант во деловниот сектор. Тој, исто така, има над 25-годишно искуство во изготвување на закони поврзани со животната средина, развој на политики за животната средина, планирање, програмирање и спроведување, со огромно познавање на правни, административни, институционални барања за спроведување и примена на законодавството за животна средина на ЕУ во земјите-кандидати за членство.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies