Посета на претставници од Владата на Јапонија

Претставници на Јапонската Влада, како и преставници на повеќе високи Јапонски владини институции и агенции, беа во посета на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел запознавање со предизвиците на одведување и третман на отпадните води.

Јапонската делегација во соработка со Владата на Република Северна Македонија, Град Скопје и нашето претпријатие, ќе изврши мониторинг на моменталната состојба и ќе се запознае со активностите околу големиот проект за изградбата на станицата за третирање отпадни води на Град Скопје, а исто така ќе даде совети и искуства, во насока на подобрување на третманот на отпадните води.

Со оглед на тоа дека Јапонија е меѓу првите земји во светски рамки во одведување и третман на отпадните води, во иднина очекуваме квалитетна и плодна соработка

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies