Одржана обука во Центарот за санитарна контрола

Во просториите на секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација - Скопје се одржа интерна обука за квантификација на мерна неодреденост во аналитичко мерење ISO 17025, која е дел од годишниот план за обука (ISO 17025) ВИК-720-103.03/Рев 01 изработен на почетокот на 2019 г.

Обуките кои се предвидени со овој план се однесуваат на персоналот кој работи во хемиската лабораторија, со него се овозможува унапредување на стандардот, негова одржливост, постојана проверка, а воедно се постигнува висок степен на точност , репродуцибилнос и квалитет во добиените резултати.

Со постојана едукација и оспособување на персоналот за спроведување на упатствата согласно стандардот се одржува и унапредува нивото на оспособеност на персоналот во рамките на постојната акредитација и се прават сериозно здрави темели за унапредување на квалитетот во работењето и можностите за проширување на параметрите од анализите на води, како нови акредитирани постапки во периодот што доаѓа. За таа цел и во наредниот период ќе се одржуваат интерни обуки и во другите области, кои се предмет на работа и активностите на секторот за санитарна контрола.

Крајната цел е да се воспостават процедури за континуирана едукација и унапредување на персоналот на секторот за санитарна контрола.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies