Апел до граѓаните на град Скопје

Почитувани граѓани, ЈП Водовод и канализација – Скопје секојдневно се соочува со крадење на решетките од сливниците и капаците од шахтите на коловозите. Ова е сериозен проблем кој што влијае на сообраќајот, но и на безбедноста на пешаците, а истиот предизвикува голема штета на општеството и на нашето претпријатие.

Ги молиме сите граѓани кои ќе приметат кражба на решетка од сливниците или на капаците од шахтите во било кој период од денот веднаш да пријават до нашата дежурна служба на телефонскиот број 02 3073 010 или во најблиската полициска станица, со цел побрзо да реагираме и да ги намалиме штетите од оваа несакана појава.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies