Акција против диви приклучоци во општина Сарај

Соопштение за јавноста

 

Во текот на денешниот ден ЈП Водовод и Канализација - Скопје заедно со комунални инспектори од Град Скопје спроведуваат акција за исклучување на диви приклучоци на територијата на општина Сарај.

Покрај многубројните апели за разумно и рационалното користење на водата во периоди на високи температури како и информациите за зголемена потрошувачка на водата упатени до граѓаните, ЈП Водовод и Канализација - Скопје регистрираше голем број на диви приклучоци кои дополнително ја оптеретуваат мрежата и вршат злоупотреба на истата. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период се до целосно нормализирање на состојбата.

Ја користиме оваа прилика повторно да апелираме за разумно користење на водата од страна на сите граѓани на целата територија на град Скопје.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies