26та Комуналијада

ЈП Водовод и Канализација – Скопје како компанија која ги поддржува спортските и мотивациски активности и оваа година традиционално учествуваше на работно-спортските средби, XXVI Комуналијада, кои се одржаа од  03-ти до 06-ти Октомври, 2019 во Охрид во хотел Десарет. Работно спортските средби се во организација на Синдикатот – СУТКОЗ на Република Северна Македонија. Тимот на ЈП Водовод и Канализација – Скопје е составен од 110 учесници, кој заедно со тимовите од сите комунални претпријатија во државата, членови на СУТКОЗ се натпреваруваше во различни спортски дисциплини: мал фудбал, шах, стрелаштво, пинг-понг, пикадо, кошарка, влечење јаже, куглање, како и една работна дисциплина монтирање водомери.  

 

Тимот на ЈП Водовод и Канализација и на оваа 26 Комуналијада имаше и што да покаже, но и што да донесе!


Давор Бараќ се закити со признанието за најдобар кошаркар, Горан Христовски за најдобар фудбалер и Снежана Маркова за повеќегодишно залагање на Комуналијадите.

Следуваат квалификациите по освоено место во различни дисциплини:

1 место
пинг-понг - мажи
шах - жени
кошарка - мажи
куглање – мажи
монтирање на водомер

2 место
пинг-понг – жени
влечење јаже – мажи
влечење јаже – жени

3 место
Шах – мажи
Куглање – жени

Во исчекување на наредниот предизвик, Ви посакуваме пријатен ден!

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies