Инвестиција во канализациска мрежа – Дижонска, Чаир.

ЈП Водовод и Канализација – Скопје, продолжува со инвестицискиот процес за подобрување на канализациските мрежи во град Скопје, овојпат во општина Чаир, на улица Дижонска број 7. Инвестицијата се однесува на реконструкција на постоечката фекална канализација и поставување на новопроектирана. Новопроектираниот дел ќе се изведува на дел во должина од 120 метри, а реконструкцијата на фекалната канализација ќе се изведува на дел во должина од 82.72 метри, каде ќе се изврши замена на старите постоечки цефки и шахти. Вкупната инвестиција изнесува приближно 5 милиони денари.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies