10.02.2017 - Изјава за медиуми - г. Александар Атанасов, Директор на ЈП Водовод и канализација - Скопје

 

Почитувани,

Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во текот на вчерашниот ден донесе одлука за ослободување од камата на сите корисници на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (тужен и редовен дел) да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање. 
Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење во рок од 90 дена, сметано од денот на донесување на оваа одлука. 
Во зависност од висината на долгот (главен долг и трошоци), истиот може да се отплати на рати и тоа по следните критериуми:
Физички лица
На 4 рати за износ од 10.000,00 ден. до 30.000,00 ден.
На 6 рати за износ од 30.001,00 ден. до 50.000,00 ден.
На 8 рати за износ од 50.001,00 ден. до 70.000,00 ден.
На 10 рати за износ од 70.001,00 ден. до 90.000,00 ден.
На 12 рати за износ над 90.001,00 ден.
Правни лица
На 2 рати за износ од 10.000,00 ден. до 50.000,00 ден.
На 3 рати за износ од 50.001,00 ден. до 100.000,00 ден.
На 4 рати за износ од 100.001,00 ден. до 150.000,00 ден.
На 5 рати за износ од 150.001,00 ден. до 200.000,00 ден.
На 6 рати за износ над 200.000,00 ден.
Да напомене дека ова ослободување од камата нема да важи за државните институции, локални самоуправи итн.
Исто така Управниот одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, донесе одлука со која се одобрува физичките лица од социјално ранливите категории (приматели на постојана парична помош, приматели на социјална помош, самохрани родители и сл.) кои имаат заостанат долг истиот да можат да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото. 
ЈП Водовод и канализација – Скопје и понатаму во своите можности, ќе излага во пресрет на граѓаните на Град Скопје, со мерки и проекти од кои бенефит имаат самите граѓани.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies