Директорот на Европската Банка за реконструкција и развој, задолжен за Р. Македонија, Mr. Frans Weekers во посета на ЈП Водовод и канализација Скопје

Денеска во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во посета беше Извршниот Директор на Европската Банка за реконструкција и развој, задолжен за Р. Македонија, Mr. Frans Weekers, придружен од претставници од локалната канцеларија на банката во Скопје. 

Тие остварија средба со Линдита Шакири, помошник Директор за технички прашања во ЈП Водовод и канализација – Скопје. На средбата се разговараше за досегашната соработка, размена на идеи и предлози околу идните развојни цели на претпријатието, во насока на подобрување на квалитетот на услугите кој ги обезбедува ЈП Водовод и канализација – Скопје кон граѓаните.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies