Договор за соработка

ЈП Водовод и канализација – Скопје и средното машинско училиште на Град Скопје „8-ми Септември“ потпишаа договор за соработка, односно учениците од ова средно училиште ќе реализираат практична настава во ЈП Водовод и канализација – Скопје. За учениците ќе бидат обезбедени сите услови за реализација на наставата, преку ментори, осигурителни и безбедносни мерки до техничките услови, односно работа со машини и друга опрема и надоместок за ученичка работа. Сакаме да нагласиме дека учениците кои ќе покажат одлични резултати и знаења ќе имаат можност понатаму и да се вработат во ЈП Водовод и канализација – Скопје. 

Средното машинско училиште на град Скопје „8-ми Септември“ под ова име егзистира од 2000 година кога со одлука на Владата на Република Македонија се споија трите поранешни средни училишта ЕМУЦ „Никола Тесла“, МУ „Гоце Делчев“ и ГМЦ „Чеде Филиповски – Даме“. ЕМУЦ „Никола Тесла“ е едно од најстарите средни училишта во Република Македонија и постои од раните 50ти години од минатиот век. 

Нашето претпријатие и во иднина во своите можности, ќе го помага образованието на младите од техничките струки, кои се многу потребни како во Градот Скопје така и низ целата држава.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies