Соработката помеѓу Водовод - Виена и ЈП Водовод и канализација – Скопје

Денеска во посета на нашето претпријатие беа претседателот на Интернационалната асоцијацијата на компании за водоснабдување кои се дел од течението на реката Дунав(INTERNATIONAL ASSOCIATION OF WATER SUPPLY COMPANIES IN THE DANUBE RIVER CATCHMENT AREA (IAWD), г-дин Волтер Клинг кој е и заменик директор на Водовод-Виена и Филип Велер, раководител на техничкиот секретаријат при IAWD.

Тие остварија средба со директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г. Душко Весковски и претставници од претпријатието, при што беа отворени повеќе теми, во насока на заеднички проекти и споделување на искуства но и приклучување на ЈП Водовод и кализација во IAWD.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Водовод - Виена и ЈП Водовод и канализација – Скопје, бидејќи двете претпријатија имаат многу заеднички специфики и сфери на интерес, кои се многу слични во двата града од кои како најважни би ги издвоиле квалитетот на водата, изворите на вода и дистрибуцијата на водата.

Инаку Интернационалната Асоцијација на компании за водоснабдување кои се дел од течението на реката Дунав(IAWD), е асоцијација на компании, претпријатија и други акционери кои работат на подрачјето на Дунавскиот регион, кој е извор на вода за околу 80 милиони луѓе. Мисијата на оваа асоцијација е да дава подршка на компаниите и претпријатијата со цел обезбедување на сигурна вода за пиење и добро менаџирање на отпадните води.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies