Ј.П. „Водовод и канализација“ до Министерството за транспорт и врски денеска го достави проектот за изградба на водоводот во должина од седум километри (ВИЗБЕГОВО)

Во индустриската зона Визбегово во ноември годинава ќе почне изградба на водоводна и канализациска мрежа за што ќе бидат инвестирани осум милиони евра.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ до Министерството за транспорт и врски денеска го достави проектот за изградба на водоводот во должина од седум километри, а ресорното Министерство, во најбрз можен рок ќе подготви тендерска документација и ќе распише повик за изградба. Финансиите за реализација на проектот се испланирани во буџетите на Министерството за следните години.

Очекувањата се проектот да биде готов во 2020 година, но планирано е со голем напор ако може да биде завршен и до крајот на следната година.

- Многу е важно да го реализираме овој проект. Со него не само што ќе овозможиме подобри услови за работа на постоечките компании, туку и ќе создадеме услови да привлечеме што повеќе домашни и странски инвестиции во општина Бутел. Тоа ќе значи економски бенефит за општината и за сите нејзини граѓани, рече Сугарески.

Во индустриската зона Визбегово работат околу 200 компании, а според градоначалникот Смилевски, има интерес за изградба на капацитети и од други стопанственици поради што се работи на деталниот план.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies