Посета од нашите колеги од ЈП Комунално претпријатие Врхника - Словенија.

Во петокот на ден 19.10.2018 во просториите на ЈП Водовод и Канализација - Скопје имавме посета од нашите колеги од ЈП Комунално претпријатие Врхника - Словенија. Во текот на нивната посета разговаравме за начинот на функционирањето и организацијата на двете претпријатија. Ги запознавме со проектите на кои работиме, изворот Рашче и со работата на сите служби во нашата дирекција. Тие ни раскажаа за работата на нивното претпријатие, за изготвувањето на долгорочни стратегии за развој на сите дејности кои ги опфаќаат и дизајнирање проектни решенија за водоснабдување и канализација.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies