Можност да се плати долг без пресметана каматa

Почитувани,

би сакале да ве известиме дека корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација –Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје коишто имаат заостанат долг за потрошена вода и смет (тужен и редовен), ќе имаат можност да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Можноста да се плати долгот без пресметана камата од страна на корисниците е со определено времетраење во рок од 20 дена, сметано од 15.10.2018 година, заклучно со 03.11.2018 година.

Физичките лица и правните лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот.
Раководствата на ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје и во иднина ќе водат грижа за своите корисници преку носење на различни мерки и проекти што ќе бидат во интерес исклучиво на нашите корисници и на граѓаните на градот Скопје.

 

Ј.П.  Водовод и канализација Скопје

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies