Известување за реконструкција на водоводна линија ф700

Почитувани,
Би сакале да ве потсетиме дека подготовките за изведба на реконструкција на водоводна линија ф700 кај новиот кружни тек меѓу ул. Христо Татарчеви бул.Србија (последна 24-ка) се при крај.

Истата ќе се изведува на ден 10.08.2018 година (петок)и без вода за пиење од 20 часот до завршување со работа ќе останат следните населби: Аеродроми Ново Лисиче (висока зона - стамбените објекти над 5ти кат), Припор, Сопиште, Ракотинции Добри Дол какои дел од Кисела Вода на ул. Христо Татарчев крак 1-11, крак 2, Сервисна Зона Југ, дел од бул. Борис Трајковски и дел од бул. Србија (од новиот кружен тек до бул. Борис Трајковски).

Нашата проекција е дека работните активности би требало да завршат во период од 12 до 18 часа, што значи дека нормално водоснабдување на корисниците би им се овозможило во периодот од 08 до 14 часот наредниот ден 11.08.2018 година (сабота). Бидејки ќе се работи во текот на ноќта ЈП Водовод и канализација – Скопје за жителите од наведените населени места ќе обезбеди цистерни со питка вода.

Исто така би сакале да истакнеме дека уличните чешми во населбите Аеродром и Ново Лисиче непречено ќе функционираат.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies