Соопштение - Работна посета на Љубљана

Почитувани,

На ден 31.01 и 01.02.2018 година директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, г-дин Душко Весковски беше во дводневна работна посета на ЈП Водовод и канализација - Љубљана, на покана на Генералниот менаџер на претпријатието г-дин Криштоф Млакар. Во текот на посетата беше разгледана можноста за продлабочување на соработката помеѓу двете претпријатија преку проширување на меморандумот за соработка.

Имајќи го во предвид фактот дека Љубљана е добитник на наградата “European Green Capital 2016” од страна на Европската Комисија, а посебен придонес за добивање на оваа награда има токму ЈП Водовод и канализација – Љубљана, сметаме дека од исклучително значење е пренесување на нивните искуства, кои би ги искористиле во делот на изградбата на прочистителната станица во Трубарево, степенот на губитокот на вода во водоснабдителниот систем, прочистување на урбаните отпадни води, употребата на отпадоците кои настануваат при пречистување на водите, нивната понатамошна преработка како и нивно понатамошно искористување. Исто така беше договорено со размена на искуства да се обезбеди унапредување на техничко-технолошкиот развој на претпријатијата.

На наше задоволство договорена е возвратна средба на која ќе започнеме со реализација на одредени активности, кои ќе придонесат за проширување и подобрување на квалитетот на услугите кои ги дава ЈП Водовод и канализација – Скопје, а се со цел да обезбедиме задоволни корисници и здрава животна средина за граѓаните на градот Скопје.

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies