СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Во врска со информацијата која што денеска беше пласирана во јавноста дека ЈП Водовод и канализација - Скопје донело незаконита одлука за престанок на работен однос на 26 вработени лица во ова претпријатие, ве известуваме дека:
Во текот на 2017 година во претпријатието се извршени повеќе инспекциски контроли од страна на Државниот трудов инспекторат.

Постапувајќи по укажувањата и одлуките дадени од Државениот трудов инспекторат, донесени се одлуки за престанок на работен однос на вкупно 19 вработени лица од причина што истите во текот на месец јули 2017 година пред одржувањето на локалните избори, засновале работен однос спротивно на закон, неисполнувајќи ги бараните услови од објавените јавни огласи, во поглед на степенот и видот на образование, односно биле вработени лица со образованиe: 
- музичар изведувач, аранжер во трговија, хотелско-туристички техничар, прехрамбен техничар, медицински лаборант, продавач и сл. 
што е спротивно на актите на претпријатието, со што бил оштетен и буџетот на истото.

За горенаведеното од страна на Државниот трудов инспекторат има поведено прекршочна постапка против ЈП Водовод и канализација - Скопје и поранешниот директор на претпријатието Александар Атанасов.

Исто така ја информираме јавноста дека новото раководство на ЈП Водовод и канализација – Скопје затекна состојба на превработеност, голем број на фиктивни вработувања, вработувања на лица од Пустец - Р. Албанија кои воопшто не доаѓале на работа, а примале плата. Во оваа насока ЈП Водовод и канализација - Скопје ја информира јавноста дека во иднина ќе ги превземе сите законски мерки за отстранување на ваквите неправилности.

ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА - СКОПЈЕ

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies