Потпишан Анекс на Меморандумот за изградба и работа на Централната станица за третман на отпадни води за Град Скопје

Почитувани,

Денеска во просториите на Градот Скопје, беше потпишан Анекс на Меморандумот за изградба и работа на Централната станица за третман на отпадни води за Град Скопје, со кој се одредува временската рамка за преостанатите активности и зголемувањето на грантот, за финансирање на овој проект. Владата на Република Франција обезбеди дополнителни 197.863 евра, со што вкупниот износ на грантот сега изнесува 927.182 евра. Овој проект го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање, а корисник е Градот Скопје, преку ЈП Водовод и канализација - Скопје

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies