Соопштение

Почитувани,

Денес во просториите на ЈП Водовод и канализација - Скопје се одржа средба помеѓу претставници на Регулаторната агенција за енергетика на Република Црна Гора, претставници на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија и дел од раководството на ЈП Водовод и канализација – Скопје, на чело со Директорот г. Душко Весковски.

На средбата гостите се запознаа со функционирањето на претпријатијето, моменталната кондиција, секторската поставеноста, обврските кои ги има ЈП Водовод и канализација - Скопје и идните предизвици во работењето.

Исто така беа разменети и меѓусебни искуства за работата на јавните водоводни претпријатија во Република Црна Гора и Република Македонија.

 

Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies