Едукативна посета во Секторот за санитарна контрола

Во рамки на едукативно-информативните активности на ЈП Водовод и канализација – Скопје, учениците од ООУ „Владо Тасевски“ го посетија Секторот за санитарна контрола.

За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со процесите на испитување и контрола на квалитетот на водата за пиење. Преку практични примери, тие ги следеа активностите во хемиската и микробиолошката лабораторија, каде се изготвуваат резултати за безбедноста и квалитетот на водата што секојдневно ја користат граѓаните на Скопје.

 ЈП Водовод и канализација – Скопје и понатаму останува посветено на едукацијата на младите и подигнувањето на свеста за значењето на безбедната вода за пиење и нејзината редовна контрола.


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies