ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Согласно временската прогноза, екипите од сектор Канализација во текот на денешниот ден, покрај редовните активности, спроведоа и дополнителни активности за одржување на атмосферската канализациона мрежа.
Екипите остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.