Едукативна посета во Секторот за санитарна контрола

Во рамки на едукативно-информативните активности на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, во текот на вчерашниот ден учениците од СУГС „Марија Кири Склодовска“ реализираа посета на Секторот за санитарна контрола при претпријатието.

За време на посетата, учениците имаа можност одблиску да се запознаат со процесите на испитување и контрола на квалитетот на водата за пиење. Преку практични примери, тие ги следеа активностите во хемиската и микробиолошката лабораторија, каде се изготвуваат резултати за безбедноста и квалитетот на водата што секојдневно ја користат граѓаните на Скопје.

Преку ваквите едукативни активности, претпријатието продолжува со унапредување на јавната свест кај младите за значењето на континуираната контрола и заштита на квалитетот на водата за пиење во градот Скопје.


Колачиња (cookies)

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница. MoreInformationCookies