ЈП Водовод и канализација – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.
Екипите од сектор Канализација, согласно временската прогноза, покрај редовните активности, од утрово се на терен и спроведуваат дополнителни активности за контрола и расчистување на сливниците и шахтите.
Екипите остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.