Во пресрет на Светскиот ден на водата, ЈП Водовод и канализација – Скопје реализираше едукативна посета во Секторот за санитарна контрола, на која присуствуваа директорот на претпријатието, Иван Митровски и ученици од ООУ „Кузман Јосифовски Питу“.
За време на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со процесите на испитување и контрола на квалитетот на водата за пиење. Преку практични примери, тие ги следеа активностите во хемиската и микробиолошката лабораторија, каде се изготвуваат резултати за безбедноста и квалитетот на водата што секојдневно ја користат граѓаните на Скопје.
ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе продолжи со спроведување на вакви активности, со цел подигнување на јавната свест и едукација на младите генерации.