Директорот на ЈП Водовод и канализација - Скопје, Иван Митровски, денес изврши увид во активностите за темелно чистење на атмосферската канализација на булеварот Борис Трајковски, каде што со засилена динамика се одвиваат градежни активности од Град Скопје, за воведување современи инфраструктурни решенија.
Во рамки на акцијата, екипите на претпријатието извршија контрола на шахтите и сливниците, перење на канализационата линија со цистерна-вакуум, како и прочистување со цистерна под висок притисок.
Директорот истакна дека претпријатието континуирано работи на редовно одржување и унапредување на канализациониот систем, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација и обезбедување поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните.